Свет Европа Брексит може да биде запрен, тврди еден од авторите на правилата

Брексит може да биде запрен, тврди еден од авторите на правилата

Еден од луѓето што ги креирале правилата за излегување од ЕУ, денеска изјави дека Велика Британија може правно да го запре процесот во било кој момент пред датумот за излегување во 2019 година.

– Се додека разговорите за разводот траат, страните сè уште се во брак, Можеме да се премислиме во секој момент – изјави Џон Кер, кој го составил членот 50 од спогодбата на ЕУ.

Тој додаде дека владата на Велика Британија погрешно ги навела гласачите да поверуваат дека процесот е незапирлив.

Британската премиерка Тереза Меј денеска предупреди дека нема да ги толерира обидите за „блокирање на демократската желба на британскиот народ, забавувањето или прекинувањето на истапувањето од ЕУ“.

Владата планира да го вгради во закон датумот и времето за излегувањето на Британија од ЕУ и тоа да се случи на 29 март 2019 година во 23 часот.

Во меѓувреме, в петок ќе продолжуваат преговорите на двете страни во Брисел, се конкретен напредок.