Свет Европа Брејвик се заканува со штрајк со глад

Брејвик се заканува со штрајк со глад

Норвешкиот масовен убиец Андрес Беринг Брејвик се заканил дека ќе гладува до смрт поради влошување на условите под кои ја отслужува казната и неможноста да студира.

Тој тврди дека е во изолација од 2 септември и оти времето што може да го мине на отворено му е ограничено на еден час дневно.

Брејвик уби 77 лица во 2011 година, кога активираше бомба во центарот на Осло, а потоа изврши вооружен напад врз младинскиот камп во островот Утоја. Во 2012 година беше осуден на 21 година затвор.