Македонија Браќата Усеини сами се пријавиле во охридската полиција

Браќата Усеини сами се пријавиле во охридската полиција

Фото: ФБ

Нефи Усеини и неговиот брат денеска сами се пријавиле во охридската полиција откако судот им изрече мерка притвор во траење од осум дена за инцидентот што се случи минатата недела, потврдија од СВР Охрид за „Мета.мк“.

Претходно полицијата не можеше да им влезе во трага откако браќата добија кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“.

Усеини се товарат за ова дело откако нивниот сограѓанин, Спире Топалоски ги пријавил во полиција дека Нефи Усеини и неговиот брат го нападнале во охридски хотел. Неколку дена подоцна, Топалоски се премисли и ги демантираше написите кои излегоа во јавноста за инцидентот, велејќи дека поради стресот стекнал погрешен впечаток дека Нефи Усеини има пиштол при нападот.