Галерија Божикна навалица на јужните соседи во Охрид и во Струга

Божикна навалица на јужните соседи во Охрид и во Струга

Убавото, сончево време и католички Божик, во крајезерските Охрид и Струга донесоа поголеми групи гости од соседството. Најмногу од Грција, но ги имаше и од Албанија. Репортерот на новинската агенција „Мета“, нивното присуство го регистрираше по шеталишето на езерскиот кеј, градското пристаниште, старата чаршија и во продавниците, како и по терасите на рестораните и на кафулињата.

Пред хотелските објекти и на паркиралишта имаше мноштво автобуси со грчки регистерски таблички.

Охриѓани велат дека е тоа добра увертира за новогодишните празници и православен Божик.