Македонија Босанец обвинет за воени злосторства уапсен во Бразил

Босанец обвинет за воени злосторства уапсен во Бразил

Бразилските власти вчера го уапсија 47-годишниот Никола Чераниќ кого властите во БИХ го гонат од 1992 година за извршени воени злосторства за време на војната во поранешна Југославија.

Бразилското федерално обвинителство соопшти дека Чераниќ е уапсен во градот Индајатуба, на околу 45 километри северозападно од Сао Паоло.

Интерпол и бразилските власти немаат повеќе детали за злосторствата за кои е обвинет Чераниќ, а засега не се знае ниту колку долго тој престојувал во Бразил.

Според бразилските закони, Врховниот суд одлучува за сите барања за екстрадиција. Засега не се знае кога судот ќе ја донесе одлуката.