Спорт Борис Бекер тврди дека Ѓоковиќ и Федерер не се мирисаат

Борис Бекер тврди дека Ѓоковиќ и Федерер не се мирисаат

Шесткратниот гренслем-шампион, Борис Бекер, отворено призна дека првиот и вториот светски рекет, Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер „не се мирисаат“, но оти тоа вешто го кријат, пренесе „Дерби“.

Според него, во денешниот тенис има премногу политичка коректност, што е лошо за оваа игра бидејќи играчите не можат да ги покажат своите чувства, анимозитетот кон другите играчи поради стравот да не бидат казнети.

– Луѓето често ми приоѓаат и му говорат дека тенисот во мое време бил многу поинтересен поради карактерот на играчите. И денеска тенисот е интересен, но поради политичката коректност и казните, тенисерите не ги искажуваат докрај емоциите – вели тренерот на Ѓоковиќ.

Тој додава дека е јавна тајна оти Ѓоковиќ и Федерер не се поднесуваат.

– Причината зошто Рожер е еден од најплатените спортисти е зошто сите го сакаат. Сепак, ако размислите подобро, мора да си го поставите прашањето како може сите да ве сакаат. Тоа, едноставно, не е возможно? Тој заработува големи пари благодарение на својот имиџ, но дали би заработувал помалку ако тој ги искаже вистинските своии чувства – истакнал Бекер за „Телеграф“, пренесе „Дерби“.