Подглавна секција Борис Џонсон префрлен на интензивна нега

Борис Џонсон префрлен на интензивна нега

Премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, ја минал ноќта на интензивна нега во болница во Лондон, каде завчера беше хоспитализиран. Тој 10 дена претходно беше во самоизолација обави дека е заразен од новиот корона вирус, но ситуацијата му се влоши.

Џонсон е на одделот за интензивна нега во болницата „Сент Томас“ по влошувањето на симптомите од коронавирусот. Британската влада информира дека Џонсон бил хоспитализиран како мерка на претпазливост по влошувањето на неговата здравствена состојба.

Џонсон го овластил министерот за надворешни работи, Доминик Рааб, да го заменува додека е отсутен.