Свет Балкан Борел повикува на смирување на тензиите на Косово: Едностраните дејствија се неприфатливи

Борел повикува на смирување на тензиите на Косово: Едностраните дејствија се неприфатливи

Високиот претставник Жозеп Борел. Photo credit: European Commission

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел повика на итно смирување на ситуацијата на северот на Косово и рече дека еднострани и некоординирани дејствија што ја загрозуваат стабилноста се неприфатливи.

„Насилните инциденти на северот на Косово мора веднаш да престанат. Едностраните и некоординирани дејствија што ја загрозуваат стабилноста не се прифатливи“, напиша Борел на Твитер.

Неговата реакција следи по денешната акција на косовската полиција за економски криминал и царина и специјалните единици на РОСУ, која предизвика бурни рекции кај српското население во Митровица и Звечан при што едно лице е тешко повредено.