Македонија „Бомба“ на Заев во „Ди цајт“: Осудените во „Монструм“ се невини!

„Бомба“ на Заев во „Ди цајт“: Осудените во „Монструм“ се невини!

Седумте етнички Албанци што се осудени за убиството кај Смиљковско Езеро се невини и неправедно седат в затвор, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за електронското издание на весникот „Ди цајт“.

„Може да има и жртви. Затоа во моментов водиме интензивни разговори со албанската заедница, за да најдеме начин да спречиме таква реакција. Мораме да бидеме многу внимателни со вистината. Мораме да го сочуваме единството на народот“, вели Заев.

Тој вели дека е загрижен за состојбата, која, според него, може да излезе од контрола.

Заев не очекува да се повтори конфликтот од 2001 година и оценува дека „народот е сплотен“.

Во разговорот, лидерот на СДСМ говори и за шансите премиерот Никола Груевски да поднесе оставка на функцијата.

„Не верувам дека тој ќе даде оставка. Тоа би значело лично признание на вината. Сметам дека преку преговори, можеме да изградиме преодна влада. И потоа, и за него би имало можност за достоинствено повлекување“, вели Заев за електронското издание на германскиот весник.

Оставките од функционерите на владата, Заев ги толкува како јасна порака од Груевски, односно дека премиерот „е подготвен“.