Економија Богов: За предлог-буџетот за 2017 година најдобро си знае Владата

Богов: За предлог-буџетот за 2017 година најдобро си знае Владата

За предлог-буџетот за 2017 година најдобро знае Владата, ние како Народна банка ќе ја прилагодиме монетарната политика за да се оствари монетарна и стабилност на банкарскиот сектор, одговори гувернерот на Народна банка, Димитар Богов, на новинарско прашање за предлог-буџетот за 2017 година.

Во однос на остварливоста на проектираниот пораст и дефицит од 3 проценти, Богов додаде дека Народна банка почнува со своја рунда проекции и во ноември ќе направи ревидирање на претходните видувања за порастот за следната година.

Владата на вчерашната седница го одобри предлог-буџетот за 2017 година и тој е доставен до Собранието.