Економија Богов: Нема потреба од помош однадвор поради грчката криза

Богов: Нема потреба од помош однадвор поради грчката криза

За да го превенираат евентуалното влијание од кризата во Грција, македонските банки немаат потреба од надворешна помош, но пристапот до инструментите за рефинансирање на Европската централна банка можат да послужат како добра поддршка ако е потребно, смета гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов.

– Не очекуваме на Македонија да ѝ биде потребна каква било надворешна помош. Веруваме дека домашниот банкарски сектор е отпорен, но секогаш е добро да има отворени опции – наведува Богов во изјава за „Ројтерс“.

Но, вели гувернерот на НБРМ, не е јасно дали инструментите на Европската централна банка ќе се применуваат и на земјите надвор од ЕУ.

– Ако се применуваат, тоа би била совршена поддршка – смета Богов.

Европската централна банка најави дека ќе ги ги засили капацитетите и можностите за финансиска поддршка во Бугарија, со што би можело да им се помогне и на другите земји во регионот да се спречи прелевањето на кризата од Грција.