Економија Богов: Нема да се оствари предвидениот економски пораст од 4,1 отсто

Богов: Нема да се оствари предвидениот економски пораст од 4,1 отсто

Гувернерот Димитар Богов изјави дека предвидениот економски пораст од 4,1 отсто нема да се оствари поради политичката неизвесност.

– Политичката неизвеснот негативно влијае и се надевам дека ваквата ситуација бргу ќе се надмине. На економските агенти потребна им е извесност и стабилно опкружување за работа. Во април излеговме со проекција за 4,1 отсто пораст за оваа година и веќе е јасно дека тој нема да се оствари. Сигурен сум дека ќе биде понизок – одговори Богов на новинарско прашање.

Тој истакна дека во моментов Народна банка ги работи проекциите и за една-две недели, ќе соопштат колку се реалните очекувања за економскиот пораст за оваа и за следната година.