Економија Богов: Ако потрае кризата, ќе страдаат инвестициите и потрошувачката

Богов: Ако потрае кризата, ќе страдаат инвестициите и потрошувачката

Гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, изјави дека доколку потрае политичката криза, тоа ќе има негативен ефект врз макроекономските проекции, кои би оделе надолу, особено во делот на инвестициите и на личната потрошувачка.

– Инвеститорите се воздржуваат од инвестиции во несигурен амбинет. Тие бараат стабилност, извесност и сигурност. Исто така, во еден несигурен амбиент, потрошувачката на граѓаните се одложува. Граѓаните би се воздржале од купување и би штеделе – изјави Богов.

Штедењето на граѓаните во последните пет години има стабилна стапка на пораст и, според гувернерот, тие имаат доверба во банкарскиот систем во државата.