Македонија Богоева: Неколку училишта во Велес се без греење

Богоева: Неколку училишта во Велес се без греење

Општинската организација на СДСМ во Велес ја обвинува владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ за „катастрoфалната политика во образованието“ при што истакнуваат дека, учениците од Велес биле без греење на првиот училишен ден од второто полугодие.

– Учениците од „Васил Главинов“ биле прунудени да ја следат настава со јакни, шалови и со ракавици за да не смрзнат, поради тоа што немало греење. И во основното училиште „Блаже Конески“ учениците биле оставени без парно греење, за да се смрзнуваат во училниците. Од непознати причини, на наставниците не им било дозволено да вклучат дополнителни грејни тела – истакна Весна Богоева од општинската организација на СДСМ од Велес.

Таа посочува дека хаотична била состојбата и во ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“.

– Не само што немало парно греење, туку немало никој од вработените за да ги смести учениците од другите градови. Наместо веднаш да се реагира и да се обезбедат основните услови, за децата да може нормално да ја следат наставата, стоплени наместо смрзнати, денеска исто така нема греење во училиштата – вели Богоева и ги повикува локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Велес и градоначалникот Славчо Чадиев да одговорат зошто не обезбедиле греење во училиштата.