Македонија Богоев му го честиташе поразот на Јакимовски и најави ревизија на финансиското...

Богоев му го честиташе поразот на Јакимовски и најави ревизија на финансиското работење

Кандидатот за градоначалник од СДСМ за општина Карпош, Стефан Богоев, вечерва изјави дека со задоволство му го честита поразот на неговиот противкандидат Стевчо Јакимовски, најавувајќи ревизија на финасиското работење на Општината.

– Карпошани уште еднаш докажаа дека се авангардата во Скопје и во Македонија. Докажаа дека знаат достоинствено, чесно и културно да го поминат изборниот ден, впрочем на тој начин ја поминавме изборната кампања – рече Богоев.

Тој најави ревизија на финансиското работење на Општината и на спорните детални урбанистички планови.

Општина Карпош е една од општините во која СДСМ убедливо победи во првиот круг на изборите, а Јакимовски вечерва му ја честиташе победата на својот противкандидат Богоев.