Култура Боб Дилан ја доби Нобеловата награда за литература

Боб Дилан ја доби Нобеловата награда за литература

Легендарниот музичар Боб Дилан е добитник на годинешната Нобелова награда за литература, соопштија од Шведската академија во Стокхолм.

Наградата ја добил за „создавање нови поетски изразувања во рамките на големата американска традиција на песни“.

Дилан е 259. Американец што добил Нобелова награда. Истовремено, тој е првиот Американец што ја доби Нобеловата награда за литература по 1993 година, кога таа награда и припадна на Тони Морисон.