Македонија Бојан Јовановски не дал исказ пред Русковска, бидејќи не ги видел доказите...

Бојан Јовановски не дал исказ пред Русковска, бидејќи не ги видел доказите против него

Првоосомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски денеска не дал исказ пред обвинителката Вилма Русковска, бидејќи не му било овозможено да ги види сите докази против него.

„На Бојан Јовановски не му беше овозможено да ги види сите докази. Тој денеска беше повикан да даде исказ, а не во тој исказ да се подметне известување за завршена истрага“, рече Дуковски.

Тој исто така изјави дека „во историјата на македонското правосудство не се случило, во ист ден да се донесе решение за завршена истрага и да се бара изјава од осомничен кој претходно ниту еднаш не бил известен за доказите против него“.