Свет Свет Блокирани „Твитер“ и „Ватсап“ по силна експлозија во Турција

Блокирани „Твитер“ и „Ватсап“ по силна експлозија во Турција

Неколку лица загинаа, а најмалку 30 се повредени утрово во експлозија на автомобил бомба во курдскиот град Дијарбакир во Југоисточна Турција, јавуваат турските медиуми. Експлозијата се случила во близина на полициска станица неколку часа откако полицијата уапси 11 членови на прокурдската партија НДП во Анкара.

Од експлозијата се оштетени околните станбени згради, а можно е бројот на жртвите да се зголеми. Пристапот до „Твитер“ и „Ватсап“ во Турција беше блокиран непосредно по експлозијата.