Македонија Блокиран граничниот премин Евзони поради штрајк на грчките земјоделци

Блокиран граничниот премин Евзони поради штрајк на грчките земјоделци

Од 16.30 часот, на самиот граничен премин Евзони се поставени трактори, поради што сообраќајот не функционира во двата правци, и за патнички и за товарни моторни возила, преку граничниот премин Богородица, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Сообраќајот на патниот правец А3, Прилеп – Битола – Ресен преку обиколницата кај Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

Патниот правец Скопје – Македонски Брод преку националниот парк Јасен е непрооден.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по на места влажни коловози.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.