Свет Блесна новиот и највисок облакодер во Њујорк

Блесна новиот и највисок облакодер во Њујорк

Облакодерот има 104 ката, а неговата изградба чинеше 3,9 милијарди долари

Најновиот и највисок облакодер на Светскиот трговски центар во Њујорк, денеска беше отворен. Тој е изграден на местото на некогашните Кули-близначки урнати во нападите од 11 септември 2001 година.

Облакодерот има 104 ката, а неговата изградба чинеше 3,9 милијарди долари.

На неколку метри од новата зграда се наоѓа меморијалот и музејот во спомен на загинатите 2.753 лица од 11 септември 2001 година. Тие се изградени точно на местото на поранешните Кули-близначки.

Новиот облакодер e со височина од 541,30 метри и е раководен од организацијата „Даст“. Тој е сопственост на државната агенција Пристанишни власти на Њујорк и на Њу Џерси.