Македонија Блажевски го урна рекордот на Маленко

Блажевски го урна рекордот на Маленко

Марко Блажевски го собори државниот рекорд на 200 метри во слободен стил, поставен од Александар Маленко пред 20 години, и го освои 48. место меѓу 100 пливачи во оваа дисциплина на 12. Светско првенство во 25-метарски базени, што од 3 до 7 декември се одржува во Доха.

Блажевски ја исплива патеката за 1:49,80 минути, подобрувајќи го досегашниот рекорд на Маленко за 55 стотинки, а остварениот резултат е подобар за 4,46 секунди во однос на пријавеното време.

Блажевски на шампионатот ќе настапи и на 100, 200 и на 400 метри во мешан стил и на 200 метри во стилот пеперутка.