Македонија Благица Новковска не е повеќе директорка на ДЗС

Благица Новковска не е повеќе директорка на ДЗС

Благица Новковска е сменета од функцијата директорка на Државниот завод за статистика, а на нејзино место е назначена Лидија Костовска, која ја извршуваше функцијата директорка на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, пренесе „Е-магазин“.

Новковска е доктор на науки, важи за еден од најдобрите експерти од областа на статистиката во земјава и порано беше директорка на оваа институција. Во последниот мандат се обиде да спроведе попис, кој беше прекинат поради несогласувања меѓу коалициските партнери во Владата околу методите за попишување на населението.