Култура Битолскиот Народен театар одбележува 70 години постоење

Битолскиот Народен театар одбележува 70 години постоење

Во Народниот театар во Битола пред 70 години се одгира првата театарска претстава на македонски јазик. Со едночинката „Петоимениот Ѓоре“ на Владо Малески, која ја играа актерите Димче и Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Вера Вучкова, Јорго Цаца, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко, почна професионалниот театар во Македонија. Јубилејот ќе се прослави вечерва, со театарската престава „Нови хоризонти“, во која ќе настапат сите вработени во театарот. Претходно ќе се промовира фото-монографија од повеќе автори, а уредник е Билјана Трајчевска. Најстариот театар во земјава има одиграно 12.069 престави, кои ги следеле повеќе од пет милиони посетители.