Економија Битола ќе се гасифицира, обезбедни се 39 милиони евра кредит

Битола ќе се гасифицира, обезбедни се 39 милиони евра кредит

Обезбедени се 39 милиони евра кредит, од вкупно 46,5 милиони евра, кои се потребни за изградба на системот за топлификација за Битола, Новаци и за Могила. Другите 7,5 милиони евра ќе ги обезбеди ЕЛЕМ.

Со овој проект е предвидено да се употреби отпадната неискористена топлинска енергија од РЕК „Битола“, преку изградба на систем за топлинска енергија.

Освен домаќинствата во Битола, предвидено е на мрежата да се приклучат и 35 јавни објекти од општината.

Владата денеска потпиша договор со Германија и финансиски договор со развојната банка КФВ, a средствата се добиени со фиксна каматна стапка од 1,5 отсто, рокот на отплата е 15 години со грејс-период од четири години.