Свет Балкан БИХ: Покренати три обвиненија за геноцид

БИХ: Покренати три обвиненија за геноцид

Обвиненија се покренати против три лица кои за време на геноцидот во Сребреница вршеле високи полициски функции

Обвинителството на Босна и Херцеговина подигна обвинение против три лица кои се товарат за геноцид.

Станува збор за обвинети кои за време на геноцидот во Сребреница, вршеле високи должности во полициските структури, соопшти портпаролот на обвинителството на БИХ, Борис Грубешиќ, притоа наведувајќи дека во текот на денот ќе се соопштат повеќе информации.

Геноцидот во Сребреница се случи во јули 1995 година, кога во нападите на војската на Република Српска, под команда на Ратко Младиќ, беа убиени повеќе од 8.000 лица, повеќето деца и мажи.