Македонија Облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од снег

Облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од снег

Времето денеска ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, особено во источните делови.

Како што соопштија од УХМР, врнежи ќе има и во котлините, каде се очекува да се формира помала снежна покривка. На планините снежната прекривка ќе се зголеми.

Минималната температура ќе се движи од минус 3 до 2 Целзиусови степени, а дневната од минус 2 до 3 степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време, со максимална температура од 1 Целзиусов степен.