Економија Бесими: Економијата полека се враќа во нормала, буџетот е во стабилна кондиција

Бесими: Економијата полека се враќа во нормала, буџетот е во стабилна кондиција

Фатмир Бесими фото: Министерство за финансии

Економската активност полека се враќа, има добар тренд на реализација на приходите, а во февруари тие се очекува да бидат подобри во споредба со лани, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој очекува проектираниот раст од 4,1 проценти да се задржи и дека по вториот квартал, економската активност полека ќе се врати на новата нормала.

„Со сите мерки што ги презедовме ја зголемивме ликвидноста во економијата. Ќе продолжиме со нив. Ги следиме и со сите наши проекции гледаме оваа година да заврши со позитивен економски резултат, што значи со раст на БДП,“ изјави Бесими.

Со буџетот е предвидено и издавање на еврообврзница, но Бесими не прецизираше кога тоа ќе се случи. Според него, важно е што кредитниот рејтинг на државата е задржан, буџетот е во стабилна кондиција и дека во ниту еден момент во текот на кризата не била доведена во прашање неговата ликвидност.