Македонија Беса и Алијанса за Албанците ќе коалицираат за вториот круг на изборите

Беса и Алијанса за Албанците ќе коалицираат за вториот круг на изборите

Движењето Беса и Алијанса за Албанците ќе коалицираат во вториот круг на локалните избори, кој ќе се одржи на 29 октомври, соопштија на прес-конференција двете партии.

Тие ќе се поддржат во 12 општини за да постигнат подобри изборни резултати.

– Ние ќе ги поддржиме нив во пет општини, тие нас во седум општини. Всушност, тоа ќе бидат заеднички кандидати на нашата коалиција за вториот изборен круг – изјави Африм Гаши од Движењето Беса.

Елми Азири од Алијанса за Албанците изјави дека се надеваат оти коалицијата што се официјализира ќе даде резултати, но и дека ќе биде добар и сериозен тест за коалиција во иднина.