Македонија Бес и гнев на „Твитер“ по објавувањето на третата „бомба“

Бес и гнев на „Твитер“ по објавувањето на третата „бомба“

Социјалната мрежа „Твитер“ денеска експлодира од емоционални статуси. Пред почетокот на прес-конефернцијата на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на која се објави третата „бомба“, македонската твитер-заедница почна шеговито да нагаѓа што денеска ќе биде топ-темата.

Расположението набргу се смени откако на директниот пренос од прес-конференцијата беше пуштен првиот разговор меѓу директорот на УБК, Сашо Мијалков, и главниот и одговорен уредник на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ-Латас, за политички монтираното апсење и за лажираниот судски процес против Љубе Бошкоски. Со објавувањето на секој следен разговор, револтот и згозеноста на твитерџиите стана сè поизразена во нивните објави: