Хроника Берово: Пронашол пиштол и куршуми додека собирал печурки

Берово: Пронашол пиштол и куршуми додека собирал печурки

Четириесет и четиригодишниот беровец Т.Б. на шумскиот пат кај местото Гајски преслап, во атарот на Берово, вчера околу 10.30 часот, додека собирал печурки, пронашол пиштол калибар 7,62 милиметри и една рамка со три куршуми.

МВР денеска соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.