Свет Европа Берлинската полиција пронашла документи на Тунижанец во камионот

Берлинската полиција пронашла документи на Тунижанец во камионот

Во камионот со кој е извршен нападот во Берлин на божиќниот панаѓур и при кој беа убиени 12 лица, полицијата пронашла лична карта која се води на 24-годишен Тунижанец.

Како што јавуваат германските медиуми, полицијата трага по Аниса А., роден во Татуин. Се верува дека осомничениот користел и други лажни имиња.

Поради недостиг од докази, како што наведува германскиот весник „Билд“, вчера беше пуштен на слобода 23-годишниот пакистански азилант Навид Д., кој беше осомничен за нападот.