Свет Европа Берлин бара продолжување на граничната контрола

Берлин бара продолжување на граничната контрола

Германија побара од Европската комисија да ѝ одобри продолжување на привремено воведените погранични контроли за подобро да се справи со рекордниот број мигранти, соопштија денеска од Европската комисија.

Германската влада на 13 септември воведе десетдневна контрола на своите граници со Австрија и со Чешка.

Во соопштението се истакнува дека Берлин побарал продолжување од уште 20 дена.

Лидерите на ЕУ вечерва имаат вонреден самит, на кој расправаат за несогласувањата околу напливот на мигранти.
Според правилата на Шенгенскиот договор, барање за привремено воведување гранични контроли се поднесува во Европската комисија.

Привремените гранични контроли можат да траат најмногу два месеца во случај на сериозна закана по јавноста или интерната безбедност на некоја од членките на Шенген-зоната.