Економија Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот останува со сегашната цена

Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот останува со сегашната цена

Фото: Порталб.мк, Суад Бајрами

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ), од полноќ бензините и екстра-лесното масло за домаќинства ќе се продаваат по повисоки цени, додека кај дизелот нема измена на цената.

Бензините и екстра-лесното масло поскапуваат за половина денар по литар.

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 ќе изнесува 82,5 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 84,5 ден/лит.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) останува на 74 ден/лит., според одлуката од минатиот понеделник.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар и од полноќ ќе изнесува 73,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,43 денари за килограм и од полноќ ќе изнесува 46,921 ден/кг.