Економија Бензините поскапуваат за еден денар, дизелот поевтинува за еден денар

Бензините поскапуваат за еден денар, дизелот поевтинува за еден денар

Фото: Мета.мк

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) денеска донесе одлука за новите цени на нафтените деривати, што ќе стапат на сила по полноќ.

Одлуката за новите цени на нафтените деривати е прва по таа од 19 декември, а се темели, како што вели РКЕВУ, на фактот дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,395%, кај дизелот намалувањето е за 1,316%, кај екстра лесното масло исто така има намалување за 0,914% и кај мазутот зголемувањето е за 5,081%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,5 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,36 ден/кг и сега ќе изнесува 40,593 ден/кг.

Од полноќ, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 = 77 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 = 79,5 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) = 80 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) = 78,5 (денари/литар)
Мазут М-1 НС = 40,593 (денари/килограм)