Економија Бензините поeвтинуваат, а дизелот поскапува за еден денар

Бензините поeвтинуваат, а дизелот поскапува за еден денар

(Фото: finance.bigmir)

Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси донесе одлука за зголемување на цените на нафтените деривати во просек за 0,40 проценти.

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98 од ноќеска се намалуваат за еден денар по литар и со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 72 денари по литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 74 денари по литар.

Малопродажните цени на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство се зголемуваат за еден денар за литар и со тоа малопродажната цена на дизелот изнесува 63 денари за литар, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 65 денари за литар.