Свет Белградската телевизија „Студио Б“ доби нов сопственик

Белградската телевизија „Студио Б“ доби нов сопственик

Компанијата „Максим медиа“ условно е прогласена за купувач на Студио Б и тоа за 530.000 евра, околу 1.300 евра повеќе од проценетата вредност.

„Максим медиа“ е компанија во сопственост на Милош и Ружица Крџиќ, сопственик на градското радио „ТДИ“. Компанијата е основана о февруари годинава со впишан капитал од 50.000 српски динари.

Агенцијата за приватизација условно ја прогласи компанијата „Максим медиа“ за купувал, а сега следи проверка кај регулаторното тело, а потпишувањето на договорот се очекува за 15 до 20 дена.

Сопственик на „Студио Б“ е градот Белград, а вредноста на капиталот на медиумската куќа се проценува на 528.626 евра. Како што е соопштено, за време на отворањето на понудите, „Максим медиа“ за „Студио Б“ понудиле 530.000 евра. Тоа воедно била и единствената понуда, иако уште осум компании беа заинтересирани за градската телевизија.