Свет Европа Белгија временски го ограничи траењето на бегалскиот статус

Белгија временски го ограничи траењето на бегалскиот статус

Белгиската влада денеска одлучи да стави крај на неограниченото траење на бегалскиот статус и да воведе рок од пет години за реевалуација.

Според одлуката, миграциските служби по истекот на петте години ќе треба да проценат дали ќе го им го продолжат бегалскиот статус на лицата или ќе ги вратат во матичната земја, доколку таму се подобриле условите за живот.