Дописници Белчишко Блато ќе стане достапно за сите

Белчишко Блато ќе стане достапно за сите

Во Општина Дебрца изминатиов период се спроведува проектот „Подобрување на управувањето и одржливо користење на Белчишко Блато (Сини Вирој)”, кој го спроведува Здружението ЕКОТУРИЗАМ 2016, а е финансиран од Европската Унија, мониториран и потпомогнат од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Главни цели на проектот се мониторинг на најважни растителни и животински видови и хабитати во подрачјето на Белчишко Блато; изградба на туристичка инфраструктура (летниковци, набљудувачница за птици, информативни табли); изработка на филм за блатото; подготовка на студија за валоризација на екосистемските услуги од Белчишко Блато (Сини Вирој); подготовка на студија за социо-економското значење на Белчишко Блато (Сини Вирој).

Проектот вклучува и јакнење на јавната свест за значењето на блатото и придобивките од него преку едукативни материјали.