Економија Бектеши: За 10 отсто ќе се намалат цените на алкохолните и безалкохолните...

Бектеши: За 10 отсто ќе се намалат цените на алкохолните и безалкохолните пијалоци

„Денеска добив неколку писма од нашите домашни производители на минерална вода, сокови, пиво кои ме известија дека доброволно се вклучуваат во кампањата “ГАРАНТИРАНА ЦЕНА” со намалување на цените од минимум 10%“, напиша министерот Бектеши

Фото: Мета.мк

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на својот Фејсбук профил информира дека цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци ќе се намалат за 10 проценти во наредниот период.

„Намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци. Денеска добив неколку писма од нашите домашни производители на минерална вода, сокови, пиво кои ме известија дека доброволно се вклучуваат во кампањата “ГАРАНТИРАНА ЦЕНА” со намалување на цените од минимум 10%! Благодариме на подршката“, напиша министерот Бектеши.

Владата на вчерашната седница ги определи највисоките цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед.

Според министерот за економија Крешник Бектеши, листата на производи во наредниот период најверојатно ќе се проширува, а со моменталната листа, посочи тој, целокупната инфлација во делот на храната би паднала за 4 до 5 отсто.

„Намалување на цените на овие 25 категории производи нема да има за постојните, туку за цените што ги имале на 1 август годинава. Тие цени од 1 август дополнително треба да бидат намалени за минимум 10 отсто. Доколку од 1 август досега биле драстично зголемени цените за некој од овие производи тоа би можело да значи намалување на цената и за 30 до 40 отсто“, изјави Бектеши.

Производите за кои за 10 отсто се намалуваат цените коишто се применувале на 1 август 2023 година се следните: