Македонија Бектеши со целосна поддршка за разрешувањето на директорите на РЕК Битола и...

Бектеши со целосна поддршка за разрешувањето на директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј

Крешник Бектеши; Фото: Влада на РСМ

По одлуката на управата на АД ЕСМ за разрешување на директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј, министерот за економија Крешник Бектеши изрази целосна поддршка и побара одлоговрно, домаќинско и професионално менаџирање на институциите. Тој нагласи дека нема да има ценовни шокови кај електричната енергија од јануари следната година и нема да има рестрикции на електрична енергија.

„Давам целосна поддршка на одлуката за разрешување на директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Како надлежна институција во областа на енергетиката Министерството за економија во континуитет бара одговорно, домаќинско и професионално менаџирање на институциите“, напиша на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши по повод одлуката на Управниот одбор на АД ЕСМ за кадровски промени со кои се разрешени директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј.

„Посветено ја следиме работата на сите енергетските компании“, додаде Бектеши.