Македонија Бектеши: Потезите на Мицкоски и Влен водат кон дестабилизација на државата

Бектеши: Потезите на Мицкоски и Влен водат кон дестабилизација на државата

Прашан дали ова ќе биде обидот за дестабилизација кој го најавуваше премиерот Мицкоски, Бектеши вели дека Мицкоски од првиот ден откако е станат премиер кажува дека ДУИ организира можна дестабилизација

Принтскрин од интервјуто на Крешник Бектеши за РСЕ

Поранешниот министер за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши, во интервју за Радио Слободна Европа посочи оти е можно зголемувањењ на меѓу-етничките тензии во земјата по укинувањето на „балансерот“ за вработување по етнички клуч.

Бектеши коментираше дека претседателот на Уставниот суд, кој го укина балансерот, бидејќи, како што рече „тој е предлог на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов и е назначен за судија во Уставен суд во негово време бидејќи и претседателот има можност да предлага судии“.

Бектеши посочи дека не се согласува оти балансерот е злоупотребен во некои институции, туку смета дека требало да се надогради како механизам.

„Но, ова не беше прифатено како предлог а сега со укинување на балансерот се дозволува секој менаџмент на некоја институција да одлучува самостојно без да има пред вид Охридскиот рамковен договор и неговиот дух“, вели Бектеши во интервјуто.

Во однос на прашањето дали ДУИ ќе подржи Закон за правична застапеност како замена за балансерот, Бектеши рече дека ако новиот предлог е добар за сите етнички заедници вклучително и за македонската секако дека ДУИ ќе го поддржи.

„Но, ние треба да имаме драфт на тоа законско решение иако и тој закон треба да има некој механизам кој ќе биде рамноправен за сите етнички заедници да можат да бидат претставувани“, додава тој.

На прашањето за Законот за примена на јазиците за кое Уставниот суд повеќе од пет години нема одлучено а се верува дека во декември ќе дојде на дневен ред, Бектеши посочува дека тоа е обид за дефокусирање.

„Ние како ДУИ сме против укинување на тие одредби од Законот за употреба на јазиците, а во овој случај албанскиот јазик. А зошто? Заради тоа што тие законски решение произлегуваат од Охридскиот рамковен договор“, дециден е Бектеши.

Во однос на тоа дали се можни протести во организација на ДУИ, тој рече оти партијата „моментално има состаноци во сите ограноци и веќе отвори дебата за тоа како треба да постапи ДУИ и сите идеи и предлози што произлезат од базата на ДУИ а ние ги повикуваме и останатите граѓани да учествуваат во ова“.

Тој смета оти „оваа влада секојдневно прави толку скандали што секој ден по еден протест би требало да се одржи од страна на граѓаните“.

Прашан дали ова ќе биде обидот за дестабилизација кој го најавуваше премиерот Мицкоски, Бектеши вели дека Мицкоски од првиот ден откако е станат премиер кажува дека ДУИ организира можна дестабилизација.

„Јас мислам дека потезите на Мицкоски и коалицијата Вреди водат кон дестабилизација и тие самите сакаат да дестабилизираат“, вели Бектеши.Тој додава оти ДУИ јасно кажала дека на нашата држава не ѝ треба дестабилизација, туку дијалог.