Економија Бектеши ги повика компаниите да се пријават за субвенции за халал-стандард

Бектеши ги повика компаниите да се пријават за субвенции за халал-стандард

Само една компанија годинава аплицирала за искористување на средства од Министерство за економија за имплементација на халал-стандард во своето работење, информираше министерот за економија, Крешник Бектеши.

Оттука, на церемонијата на доделување сертификати на компании што го имплементирале халал-стандардот, тој ги повика компаниите да ги искористат средствата за оваа намена.

Бектеши истакна дека глобалниот халал-пазар се проценува на повеќе од 800 милијарди долари, додека само европскиот надминува 66 милијарди долари годишно.

Лани, буџетот на министерството за оваа намена изнесуваше 1,8 милиони денари, а финансиска подршка добија шест компании.