Главна секција Бејли и Ван Хојте ја засилија лидерската средба

Бејли и Ван Хојте ја засилија лидерската средба

Преговорите добија засилување, така што на средбата со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, пристигнаа и американскиот амбасадор Џес Бејли и белгискиот олеснувач Питер ван Хојте.

На лидерска средба со еврокомесарот се претседателите на четирите најголеми партии во Македонија.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пристигна на средбата со Радмила Шекеринска, Рената Десковска, Дамјан Манчевски и со Оливер Спасовски.

Претходно, еврокомесарот Хан се сретна со премиерот Никола Груевски и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Во придружба на Груевски беа министерот за надворешни работи, Никола Попоски, заменик-министерот за правда, Билјана Бришковска, министерот за здравство, Никола Тодоров, и шефот на кабинетот на премиерот, Мартин Протоѓер.