Економија Бегалската криза ги чинела државите 10,6 милијарди евра

Бегалската криза ги чинела државите 10,6 милијарди евра

Членките на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) минатата година потрошиле двојно повеќе пари за покривање на трошоците на мигрантската криза, дури 10,6 милијарди евра, соопшти денеска таа организација.

– Државите мораа да пронајдат голема сума пари за покривање на трошоците на историската бегалска криза во Европа и најголем дел од нив досега успеаја да го избегнат пренасочувањето пари од програмите за развој – се наведува во соопштението на ОЕЦД, пренесува агенцијата „Франс прес“.

Досега, 1,5 милион луѓе побарале азил во земјите на ОЕЦД, од кои преку еден милион во Европа.

Во Австрија, Грција, Италија, Холандија и во Шведска трошоците за бегалците државите ги чинеле 20 отсто од расходите наменети за помош во 2015 година, се наведува во извештајот.

– Владите мора да развијат долгорочни мерки за да ги покријат идните трошоци и да ги интегрираат бегалците во нивните општества, а истовремено мора да осигураат помошта за развој да дојде до земјите и до луѓето на кои им е најпотребна – изјави генералниот секрета на ОЕЦД, Анхел Гуриј.

Извештајот опфаќа 28 земји-членки на ОЕЦД од кои само шест, Данска, Луксембург, Холандија, Норвешка, Шведска и Велика Британија, ја исполниле целта на Обединетите нации да ја задржат помошта на или пак под 0,7 отсто од националниот бруто-доход, се вели во извештајот.