Македонија Бартол – Заев: Македонија е на добар пат кон евроатлантската интеграција

Бартол – Заев: Македонија е на добар пат кон евроатлантската интеграција

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Горазд Бартол, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија. Бартол му пренел на Заев дека правецот во кој се движи Македонија е добар и отвора перспективи за граѓаните и за евроатлантските аспирации на земјата.

– Поттикнавте позитивна енергија што се чувствува во земјата, а ја чувствува и Брисел, преку демократските политики на новата влада на инклузивност и на градење мостови меѓу граѓаните во земјата, добрососедство во регионот и отворена меѓународна соработка. Правецот во кој се движи Македонија е добар и отвора перспективи за граѓаните и за евроатлантските аспирации на земјата – му пренел Бартол на Заев, соопшти кабинетот на премиерот.

Бартол ја изразил отвореноста на Канцеларијата на НАТО во Македонија, за помош и за поддршка во сите чекори што ги прави Владата за членство во НАТО.