Спорт Барселона конечно до победа

Барселона конечно до победа

Тимот на Карло Анчелоти дојде до три лесни бода во Примера

По поразите од Реал Мадрид и од Селта, Барселона победи на гостувањето кај Алмерија.
Домаќините поведоа со гол на Вифоума во 37. минута и се наговестуваше нов шок за Барселона, но благодарение на Суарез, кој асистираше до Неимар во 73. и до Алба во 82. минута, фаворитот дојде до очекуваната победа.

Тимот на Карло Анчелоти дојде до три лесни бода во Примера совладувајќи го помалиот градски ривал со убедливи 5-1.

Серијата ја отвори Герет Бејл уште во 9. минута од натпреварот, а по него мрежата на Рајо ја тресеа Серхио Рамос, Тони Крос, Карим Бензема и Кристијано Роналдо.