Македонија Бареков: Македонија да престане да ја краде бугарската, грчката и египетската историја!

Бареков: Македонија да престане да ја краде бугарската, грчката и египетската историја!

За да може Европската унија да води активна пристапна политика кон Република Македонија, властите на оваа држава треба да ги задоволат барањата на земјите-членки на ЕУ, меѓу кои и на Бугарија и на Грција, рече европратеникот од групата на ЕКР и лидер на партијата Бугарија без цензура, Николај Бареков, за време на дебата за Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2014 година.

– Властите во ПЈРМ треба да созреат за европските вредности, според кои е недозволиво да се води политика врз основа на етничкото противење и на идентитетот на населението. Бараме транспарентен попис на населението во државата, кој ќе го одрази бугарското малцинство, кое, најверојатно, ќе се покаже мнозинство – рече европратеникот Бареков.

Бугарскиот европратеник, исто така, потсети дека при последниот попис во 2002 година, едвај 1.417 луѓе се изјаснале како Бугари и оти во исто време, 50.000 граѓани на Македонија поднеле барање за бугарско државјанство.

– Бараме властите во ПЈРМ да престанат со секакви толкувања на бугарската историја, која објективно е дел од историјата на територијата на оваа земја. Владата на оваа република го краде идентитет од бугарската, грчката, па дури, забележавте, и од египетската историја – рече Бареков.