Свет Барбадос стана најмладата самостојна држава, британската кралица повеќе не е врховна власт

Барбадос стана најмладата самостојна држава, британската кралица повеќе не е врховна власт

Фото: he Barbados Government Information Service (BGIS)

Барбадос ја отфрли британската кралица Елизабета како шеф на државата и на 30 ноември формираше нова република раскинувајќи ги последните преостанати колонијални врски, објави Ројтерс.

Фото: Тhe Barbados Government Information Service (BGIS)

На церемонијата на која присуствуваше и принцот Чарлс, беше симнато знамето на британската монархија, додека генералната гувернерка Сандра Мејсон положи заклетва како прва претседателка на Барбадос.

Фото: Тhe Barbados Government Information Service (BGIS)

Раѓањето на новата република, точно на полноќ, со овации го прославија стотици луѓе од мостот Чембрлен во главниот град Бриџтаун. На преполниот Плоштад на хероите се одржа и почесна стрелба со 21 пиштол додека се свиреше националната химна на Барбадос.

Фото: Тhe Barbados Government Information Service (BGIS)

„Ние луѓето мораме да му го дадеме на Република Барбадос неговиот дух и суштина. Мораме да ја обликуваме нејзината иднина. Ние сме едни на други и чувари на нашата нација. Ние луѓето сме Барбадос“, рече Сандра Мејсон, првата претседателка на островска држава во Карипското Море.

Барбадос прогласи независност пред точно 55 години, на 30 ноември 1966, но остана дел од британскиот Комонвелт и прв човек на државата беше британската кралица Елизабета Втора сè до денеска, кога Барбадос стана република и на чело на државата е сега претседателката Мејсон, која на функцијата беше избрана минатиот месец од парламентот на Барбадос.