Технологија Гаџети Барак Обама го објави првиот твит

Барак Обама го објави првиот твит

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, од вчера има свој твитер-профил. Претходно тој го користеше твитер-профилот на Белата куќа @WhiteHouse. Неговиот аватар гласи @Potus  (скратеница за претседател на Соединетите Држави) и ќе го користи само за твитови што ќе ги твита тој лично.

Тој за помалку од 24 часа доби 1,8 милиони следбеници, а досега има објавено само три твита.

Првиот му е: „Здраво Твитер! Овде Барак. Навистина! Шест години претседател и конечно добив свој профил.“

Сопругата на Обама, првата дама Мишел Обама, има свој твитер-профил од јануари 2013 година и досега ја следат 1,9 милиони корисници.

Британски „Гардијан“ објави видеоснимка од моментот кога Обама првпат твитнал од овалната канцеларија, седејќи на работ на својата работна маса и употребувајќи го телефонот од Белата куќа, а не неговиот личен „Блекбери“.