Економија Банките лани дале кредити во вредност од 400 милиони евра

Банките лани дале кредити во вредност од 400 милиони евра

Македонските банки лани одобриле кредити во износ од 400 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народна банка.

Според податоците за декември, кредитната поддршка во голем дел била насочена кон корпоративниот сектор, а во помал дел и кон секторот население.

По преземените мерки од Народната банка, банките годинава ќе го стегнат ременот за издавање потрошувачки кредити.

Целта е, како што истакна гувернерот Димитар Богов, банките повеќе да даваат корпоративни и станбени кредити, наспроти потрошувачките кои се во пораст и сочинуваат најголем дел од нефункционалните кредити.